Еве зошто Џорџ Клуни бил главна атракција на кралската свадба

Добивај вести на Viber

Џорџ и Амал Клуни најверојатно биле најкоментираниот пар на славни личности кои присуствуваа на кралската венчавка, кога адвокатот за човекови права се појави во прекрасен фустан на Стела Макартни, а холивудскиот актер изгледаше отмено во сив костум. 

Но оваа двојка покрај тоа што беше атракција на дневниот прием, беше број еден и на вечерната забава.

Според извештаите на Page Six, Џорџ бил број еден на кралскиот свадбен прием на принцот Хари и Меган Маркл во Фрогмор Хаус. Имено актерот застанал зад шанкот и почнал да прави коктели со текила за сите.

57-годишниот актер, кога не бил шанкер, танцувал и со невестата Меган, но и со војвотката Кејт Мидлтон.