Европа ја предводи поддршката за првиот 5G IoT модем на Qualcomm

Добивај вести на Viber

Компаниите Bosch, Siemens, Schneider Electric, Telit и HMS Networks работат на 5G IoT модули, користејќи го 315 модемот на Qualcomm.

Европските компании беа најголеми поддржувачи на првиот 5G IoT модем чип на Qualcomm.

Модемот 315 се очекува да биде комерцијално достапен во втората половина на 2021 година, со осум годишна поддршка до 2029 година.

Чипот овозможува 5G модули половина помали од актуелните дизајни преку високо интегрираниот RF фронт-енд, но е дизајниран да обезбеди pin-to-pin компатибилно решение и за сегашните стари LTE модули за премин кон 5G. Ова обезбедува максимални брзини на преземање од 1,54 Gbps, 400 Mbps и upload од 330 Mbps, 75 Mbps преку глобалните 5G NR опсези под-6GHz во самостоен (SA) режим само за приватни или јавни 5G мрежи, користејќи режење на мрежата или во изолација.

„5G е важен стандард за фабриката на иднината. Поради тоа, интензивно работиме на интеграција на 5G во нашите производи“, изјави Стефан Хак, член на Извршниот одбор и одговорен за развој во компанијата Bosch Rexrot.  „Qualcomm 315 5G IoT модемот овозможува нови интересни функции, посебно за индустриските IoT апликации и ни помага да отвориме нови апликации со 5G“.

„Неодамна го објавивме првиот комерцијално достапен 5G рутер за индустриска автоматиузација - решение кое ги користи Qualcomm Technologies 5G решенијата. Интересот за 5G во индустриските апликации непрекинато расте и гледаме бројни предности со најавата на Qualcomm 315 5G IoT модемот, бидејќи тоа ќе овозможи помал формат за индустриските уреди и ќе отвори нови случаи на употреба“, рече Јенс Јакобсен, менаџер за развој во HMS Labs, дел од HMS Networks во Шведска.

„Qualcomm 315 5G IoT модемот се осврнува на специфичните потреби за голема пропусна ширина, стабилност и перформанси во различните индустрии. Оваа технологија има потенцијал да стане катализатор на дигитализацијата, помагајќи во отклучување на невидени можности и ефикасноста во иновативните 5G индустриски апликации“, истакна Беноа Жакемин, директор на секторот за иновации во францускиот индустриски гигант Schneider Electric.

„Siemens и Qualcomm Technologies имаат долгогодишна колаборација насочена на технолошката соработка во технологиите за безжична комуникација. Со објавување на производи како што е Qualcomm 315 5G IoT модемот, Qualcomm Technologies ја покажува својата силна посветеност кон покренување на дигиталната трансформација на индустријата и ни овозможува да ги развиеме најсовремените индустриски 5G производи“, посочи Сандер Ротменсен, директор на индустриската безжична комуникација во компанијата Siemens Digital Industries.

„Претставувањето на Qualcomm 315 5G IoT модемот претставува важна пресвртница која го отвора патот за воведување на 5G 3GPP Release 16 конективноста во 5G IoT индустријата“, рече Марко Контенто, потпретседател за 5G технологии и продукт менаџмент во Telit. Овој нов систем ќе служи за бројни случаи на комерцијална и индустриска употреба, каде досега не беше достапно решение за 5G поврзување, посебно за дистрибуција на енергијата, технологијата на паметни мрежи и индустриска контрола и автоматизација. И, бидејќи Qualcomm 315 5G IoT модемотподдржува и апликации, кои моментно ги опслужуваат LTE мрежите, им пружа на купувачите долгорочен пат за 5G миграција на уредите.

ПР објава