„Европа“ врти нова слатка страница во својата историја
Чоколади, вафли, бонбони, чоколокум, крем банани, голем број генерации израснаа со препознатливите производи од македонската „Фабрика за задоволства“ АД ЕВРОПА која е позната по својата традиција во создавање на уникатни слатки што го освоија срцето не само на домашните купувачи, туку и пошироко. Приказната што започна во 1882 година постојано се надградува со највисоко ниво на квалитет, а оваа година таа приказна врти нова слатка страница.
Сè започна во 1882 година со отворањето на шеќерскиот дуќан ЕВРОПА во Скопје. Од скромни почетоци со дневно производство од 250 килограми и пет вработени, еден од најстарите кондиторски производители на Балканот прерасна во голема модерна фабрика, чии производи денеска се извезуваат во 25 земји и претставува вистински сладок амбасадор на нашата земја.
ЕВРОПА особено се истакнува по оригиналната рецептура што стои зад секој производ, при што се употребуваат најквалитетни суровини и постојано се следат законските регулативи. Така, оваа година направена е замена на редовната палмина маст со палмина маст со помало присуство на GE (Glicidyl Esters) до 1ppm/kg согласно законските процедури на ЕУ кои стапија на сила од 30.09.2018г.
Како компанија која ги следи и креира трендовите, ЕВРОПА во својот асортиман неодамна внесе нови производи, како што се малите чоколади и вафли МИНИ и чоколадните десерти МИНТ, кои веднаш го освоија пазарот. Специјализираните продавници се уште еден доказ за заложбите на ЕВРОПА да ги задоволи потребите на потрошувачите, но настојувањето за усовршување, надградба и промени не застануваат тука, а показател за тоа е отворањето на новата ребрендирана продавница во ГТЦ.
Отворањето на продавницата на едно место собра љубители на слатки задоволства од различни генерации и претставуваше одлична шанса за дегустација на производите на ЕВРОПА.
„ЕВРОПА е компанија која постојано се труди да ги задоволи вкусовите на своите потрошувачи. Оваа година одлучивме да направиме чекор кон иднината и да свртиме нова слатка страница, а како навестување за промените што ќе следат е отворањето на продавницата во ГТЦ, која е израз на духот на традицијата содржан во квалитетот на производите уште од 1882 година, како и на современите трендови кон кои постојано се стремиме. Уште еден показател за промените е редизајнот на нашите топ 15 производи на што работиме во моментов. Нашите потрошувачи ги очекуваат многу убави изненадувања од нашата „Фабрика за задоволства“ – изјави на отворањето директорката на ЕВРОПА, Марика Караџова.
Погледнете како помина отворањето на новата продавница на ЕВРОПА во ГТЦ и повелете во новиот современ простор каде можете да се снабдите со највкусните чоколади, вафли, бонбони, локум и останати производи од „Фабриката за задоволства“.