ЕВРОПСКА ЗЕМЈА ОДЛУЧИ: На училиште ќе се тргнува со навршени 3 години

Добивај вести на Viber

Во Франција ќе ја намалат возраста за обврзно школување од шест на три години со почетокот на школската година во 2019. 

Ова е само симобилична мерка со која се сака признавање на важноста од образование во предшколски установи.

Се очекува таа инфомација да ја објави францускиот претседател Емануел Макрон денеска на отворањето на Собирот на претшколските установи, во Париз каде до утре ќе дебатираат експерти и специјалисти за деца.

Според Елисејската палата, „одлуката за намалување на возраста на три години, изразува подготвеност на претседателот од училиштето да направи место за реална еднаквост и да даде признание на претшколски установи кои веќе нема да се сметаат како место за чување или обична подготовка за основно учлилиште“.

Од 1959 година школското образование во Франција е обврзно за сите деца од шест до 16 години. Претходно во училиште се одело до 14 години.

Во школската година 2015/2016 во предшколските установи имало  97,6 деца на возраст од три години. За новата мерка ќе се отворат околу 800 работни места.