Facegym: Нов тренд за подмладување на кожата на лицето

Добивај вести на Viber

Моментално ова е еден од најактуелните трендови во светот кој овозможува на природен начин да го одржувате изгледот, без притоа да користите ботокс.

Идејата за зачувување на младешкиот изглед ја доби Енџи Терон, новинарка која барала начини да го спречи опуштањето на кожата. По отворањето на успешниот FaceGym центар во Лондон, таа спрема нов салон во Њујорк, а во популарниот тренинг за кој се заинтересирани голем број жени, вклучено е загревање, детална рутина и брзо ладење, кое овозможува активирање на 40 фацијални мускули.


Оваа алтернативна терапија е совршена замена за ботокс и актуелните филери, кои веќе станаа вообичаена појава. Во третманите е вклучена ласерска машина во комбинација со лимфна дренажа, масажи и коктели за освежување на кожата на лицето.


Цената на третманите се движи од 70 па се до 550 долари.