ФАЈЗЕР СО СИЛЕН ИМУНОЛОШКИ ОДГОВОР АКО СЕ ПРИМА НА 8 НЕДЕЛИ: Научниците откриваат во најновата студија
Осумнеделниот временски интервал меѓу првата и втората доза на вакцината Фајзер генерира многу силен имунолошки одговор, откриваат научниците. Во најновата студија финансирана од Одделот за здравство и социјална грижа (DHSC) на Велика Британија, истражувачите откриле дека кога ќе се спореди со четиринеделен интервал, 10-неделениот интервал помеѓу дозите произведува поголеми нивоа на антитела, како и поголем процент на група клетки кои се борат против инфекции во телото познати како „помошни“ Т-клетки.
За студијата, како што пишува денеска Гардијан, истражувачите го споредиле имунолошкиот одговор на 503 вработени во NHS кои примиле две дози на вакцина во различно време од крајот на 2020 до почетокот на 2021 година во време кога алфа варијантата, британскиот вид, брзо се ширела. Нивото на антитела во крвта се мери еден месец по приемот на втората доза на вакцината.
Повеќе на Фактор.мк