ФАЈЗЕР ТАБЛЕТАТА ГО НАМАЛУВА РИЗИКОТ ОД СМРТ ЗА 89 ПРОЦЕНТИ: Компанијата ќе бара одобрување од медицинските регулатори
Американската фармацевтска компанија Фајзер денеска објави дека нејзината експериментална антивирусна таблета за лекување на Ковид-19 ја намалува стапката на хоспитализација и смртност за речиси 90 отсто.
Од Фајзер велат дека ќе побараат од американската Администрација за храна и лекови (ФДА) и меѓународните регулатори да ја одобрат таблетата што е можно поскоро, откако независните експерти препорачаа студијата да се прекине порано врз основа на силата на нејзините резултати.
Откако компанијата ќе пријави, односно ќе побара одобрување, ФДА може да донесе одлука во рок од неколку недели или месеци. Студијата била спроведена на 775 возрасни лица, при што е заклучено дека пациентите кои го земале лекот Фајзер заедно со друг антивирусен лек имале 89 отсто намалување на хоспитализацијата или стапката на смртност по еден месец, во споредба со пациентите кои земале пласебо. Повеќе прочитајте на Фактор.мк
Фото: YouTube/Printscreen