Факти зошто Финска е најсреќна земја во светот

Добивај вести на Viber

Не треба да ве изненади што една скандинавска земја е најсреќна во светот. 

Финска, и покрај студените зимски температури и координатите на Арктичките кругови, го доби првото место на Светскиот извештај за среќен живот на ОН во март годинава. И најинтересно, факторите наведени подолу може да бидат причина за ова.

Секоја година скандинавските земји (со едни од најстудените, најдолгите и најтемни зими на земјата) ја заземаат позицијата како најсреќните места во светот. 

И ова може да се должи на фактот дека чувството на заедница е пошироко распространето кога е крајно ладно. 

Во интервју за "Тајм" минатата година еден од уредниците, професор Џон Хелиуел изјавил: "Има едно мислење кое потсетува дека историски заедниците, кои живееле во по сурово време се познати со поголема меѓусебна поддршка. Студеното време ги тера луѓето да мислат повеќе еден за друг, од колку за себе и ги прави сплотени . 

Првото место за Финска може да се должи и на високо субвенционирана државна поддршка за програми како грижи за деца и невработеност и фактот дека таа е една од најдобрите земји кои промовираат родова еднаквост , и тие, исто така, имаат остров само за жените каде може да ја усовршат креативноста, да практикуваат медитација и да покренат иновации.

Значи, ако сакате да ја пронајдете вистинската среќа и спокојство, дури и кратко патување до најсреќната земја во светот ќе ви даде позитивизам.