ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење
Единствениот аква-парк што го има во Скопје и годинава нема да биде отворен за работа. Вратите се затворени а реквизитите стојат неискористени. Скопјани изгореа од жешкото време, а освен базените, место за забава на вода во главниот град нема.
За оваа состојба екипата на „Фактор“ се обрати до надлежните, во овој случај СЦ „Борис Трајковски“ под чија надлежност е паркот, но за жал, официјална изјава немаше кој да ни даде. Накратко ни беше соопштено дека причините за тоа што аква-паркот не работи се технички.
Но, Фактор успеа од свои извори да обезбеди неофицијални информации зошто аква паркот не е во функција.
Според нашиот извор, тој не е профитабилен и не го разбуди потребниот интерес кај скопјани за забава во летниот период од годината.
„Имате тобоган кој не завршува во базен туку на трева. Концептот е целосно погрешен и од тие причини кај граѓаните никогаш немаше посебен интерес да го посетуваат. Има многу нелогичности кои не го оправдуваат постоењето на аква паркот Дополнително проблем е тоа што неговото работење чини многу, а поврат на парични средства нема. Аква паркот чини многу пари но тој не носи добивка. Од тие причини и нема да биде отворен годинава“, вели изворот кој и е познат на нашата редакција.
На Скопје му недостасува место каде што граѓаните ќе можат освен да се разладуваат и да се забавуваат. Да, има опции да се посети базен, меѓутоа комбинацијата од базен и забава кај нас ја нема. За такво искуство граѓаните мора да заминат во други држави каде ќе ги чини едно мало богатство.
Продолжува на фактор.мк