Фактор кој го одредува животот: Знаете ли што е генетска сиромаштија?

Добивај вести на Viber

Терминот „генетска сиромаштија“ беше популаризиран во книгите од бизнис консултантката Наталија Грејс, која во едно од нејзините дела го наведува својот став дека Законот за генетска сиромаштија е причината поради која луѓето се „програмирани“ да живеат со ниски примања.

Како што тврди оваа авторка, генетската сиромаштија е условена од следниве фактори:

1. Начин на размислување

Како дете се дружев со девојка од мојот клас чие семејство не беше во најдобра финансиска состојба. Уживавме скокајќи по излитените каучи во нејзината куќа. Ми се допадна фактот што каучите крцкаа, како и фактот дека секој наш скок произведува неверојатен облак од прашина.

Две децении подоцна, ја посетив мојата драга пријателка и бев шокирана од фактот дека состојбата на нејзината куќа е целосно непроменета. Мебелот беше истиот на кој скокавме пред дваесет години. Погледнав низ собите, а погледот ми залута по замрсените стаклени површини, мрсните столчиња, искршените огледала, чии пукнатини таа ги наполнила со чоколадна фолија. Веќе во глава калкулирав колку ќе чини да ги заменам сите тие дотраени работи. Додека разговарав со неа, погледнав во ѕидовите и се обидов да се сетам каде е можно да се купат евтини, квалитетни и естетски убави тапети.

Во тој момент сакав само да ги отстранам оние картонски кутии што штрчат од под креветот и да ги фрлам искршените саксии чии пукнатини мојата пријателка се обиде да ги маскира со машнички направени од стари хулахопки.

Каде и да погледнав наидов само на нечистотија, ѓубре и скршени парчиња мебел.

Во еден момент ми текна дека највалканите куќи обично се и најсиромашни, иако нема објективна причина за тоа, бидејќи и старите работи можат да бидат прилично уредни.

Го заклучив следново: нечистотијата не е доказ дека ти е тешко во животот. Нечистотијата е состојба на умот. Тоа го одразува начинот на кој размислувате. Следствено, бидејќи сиромаштијата и нечистотијата се поврзани, сиромаштијата е исто така состојба на умот.

Мојот заклучок од оваа приказна би бил следниот: Сиромаштијата се рефлектира во валкани раце.

2. Скржавост

Во средно училиште имав прекрасна професорка по литература. Нејзиниот мозок работеше на неверојатен начин, а нејзината моќ на набљудување беше огромна. Еден ден, додека разговаравме за напорна работа на час, таа ја даде својата дефиниција за скржавоста што ми остана во сеќавањето:

„ Скромноста значи пиење од скршени и полуполни чаши, додека во витрината чуваме нов и неотворен сет“ – беше нејзината реченица на која и денес се сеќавам.

Таква состојба среќаваме во многу домаќинства. Како што заштедуваме пари за дождливите денови, ги зачувуваме и најубавите парчиња прибор за јадење за специјални пригоди. Меѓутоа, проблемот лежи во тоа што ретко доаѓаат посебни прилики, а црните денови се неизбежни.

Ако заштедите сè што е вредно во вашиот живот за подобра иднина, таа иднина никогаш нема да дојде.

Затоа, извадете ги сите оние работи кои со години собираат прашина во фиоките, шкафовите и орманите и почнете да ги користите. Секој ден е посебен.

Ако го потрошите животот засновајќи ги сите ваши надежи на подобра иднина, вашиот живот ќе биде очаен.

Познав жена која штедеше дваесет години за да си го наполни станот и да купи куќа со голем двор.

Таа беше самохрана мајка на две девојчиња, кои ги одгледуваше речиси исклучиво на супи. Нивната облека беше секогаш иста – колку и да растеа девојките, тие не добиваа нова облека, нивната мајка само шиеше различни парчиња ткаенина на облеката што ја надраснаа. Разбирливо, девојките беа многу несреќни.

Дали знаете што се случи потоа? По две децении живот, конечно имаат доволно заштеди да ја продадат гарсоњерата и да ја купат куќата за која сонуваа одтсекогаш, но тогаш се покажа дека не беа повеќе заинтересирасни за куќата или градината.

Ова не е најлошата последица од нивното воспитување. Имено, кај девојките се развил паничен страв од трошење пари. Сега веќе се девојки со добра работа, а уште носат излитена облека, не купуваат мебел, земаат фрлени парчиња од улица, а јадат од оштетени чинии. Тие никогаш со задоволство не трошеле пари за да се расположат, напротив – дури и најмалата сума на пари што ја потрошиле ги направила страшно несреќни.

Тоа чувство се нарекува „генетска сиромаштија“.

Стравот од трошење пари ќе ви ја потроши целата животна енергија.

3. Потсвесно програмирање

Децата кои растат во сиромаштија се потсвесно програмирани за лоша иднина.

Нечистотијата и сиромаштијата го убиваат концептот и осудуваат на слична иднина. Има јасни примери каде луѓе од такви состојби стискале заби и дале се од себе да го сменат тоа. Резултатот е дека тие станале многу успешни. Сепак, мора да се признае дека многу е поголем бројот на оние кои од сиромашно детство преминале во сиромашна полнолетност, а потоа и истата старост.

Не дозволувајте да бидете во таа втора група. Излезете од тој круг.

Како што реков дека сиромаштијата е состојба на умот, така и богатството е состојба на умот.

И богатството и сиромаштијата се проекција на вашите мисли желби и работа. Затоа внимавајте што посакувате и каква цел имате.

Фото:Instagram/kimkardashian