Фармерки со ултра висока половина за пролет/лето 2019: LEVI’S® RIBCAGE

Добивај вести на Viber

Levi’s ја започнува новата сезона со фармерки со ултра висока половина, новиот модел Levi’s Ribcage. 

Овие фармерки нè носат во времето на Кетрин Хепберн и се одлични за да се долови винтиџ изгледот на модните икони од минатото, но и и на денешните стилски освестени жени кои сè почесто сами ги пренаменуваат своите 501 фармерки во модел со висока половина за перфектен тексас изглед. 

Levi’s® Ribcage е одличен модел кој го доловува духот на целата сезона, односно темата “Unbasic” - прослава на личниот стил и само изразувањето. 

Уметнички микс на современоста и автентичната естетика на Levi’s, кој доаѓа во модел со прав крој и со скратени ногавици. Модел за напредно модно стилизирање кое во еден дел го задржува и класичниот Levi’s изглед.