Фасцинирана од дивите: Ким Кардашијан прво го носеше фустанот на Монро, а сега купи накит кој ѝ припаѓал на принцезата Дајана
Накитот на принцезата Дајана ретко се наоѓа на пазарот, па ова било единствено искуство...
Ким Кардашијан го купи крстот „Attalah“ - во прашање е привезок кој го носеше принцезата Дајана.
Овој луксузен привезок го има изработено британскиот златар Гарард, а во неколку наврати го носеше принцезата Дајана. Продаден е за околу 187.000 евра.
„Накитот што го поседувала или носела принцезата Дајана ретко се наоѓа на пазарот, а посебно кога стаува збор за накит, каков што е крстот „Attalah“, кој е бои, а воедно и смел и посебен“ - изјави Кристијан Спофорт од аукциската куќа „Sotheby's“.
Освен со аметист, крстот е украсен и со диманти во вкупна вредност од 5,25 карати.
Да потсетиме дека Ким Кардашијан на Мет гала се појави во фустан на Мерлин Монро, кој таа го носеше во 1962 година, кога му ја отпеа роденденската песна на претседателот Кенеди.
фото: Принтскрин / Инстаграм