Fashion Weekend Skopje '18 – Олгица Ѓорѓиева

Добивај вести на Viber

Мемоарите на една гејша, оживеани на модната писта!

Финалето на Модниот викенд Скопје беше резервирано за едно убаво патување во Токио, каде  на понесоа креациите на модната дизајнерка Олгица Ѓорѓиев. 

Таа ги воодушеви присутните со својот минимализам. Оваа колекција е инспирирана од светскиот бестселер „Мемоарите на една гејша“ од Артур Голден. Самата ревија започна во ритамот и танцот на една гејша. 

Модели се едноставни со минималистички израз,а дел од материјалите се исполнети со детали или принтови. Во целата колекција преовладува белата боја,а од материјалите најзастапени се памук, вискоза, жоржет и разни верзии на сатен.Практични и комерцијални парчиња кои се лесни за комбинација за секоја пригода, во зависност од стајлингот што би се направил. Оваа колекција беше поддржана од „Биси“ „Soul Kitchen“ и „Bella Vista“.