„Фати ме ако можеш“: Неда Украден во бикини весла на суб даска во Которскиот залив - За оваа жена годините се само бројка

Добивај вести на Viber

Пејачката Неда Украден моментално престојува во Црна Гора каде има куќа и често објавува фотографии од море.

Неда ужива на зајдисонце на суб-даска додека весла, а многумина го коментираат нејзиниот изглед во осмата деценија.

„Фати ме ако можеш. Внукот Дуле ми позајми суб даска, па ме фотографираше“ - напиша пејачката.

Набрзо по објавата следеа коментари: „Убаво изгледаш“, „Браво за тебе“, „Можно ли е толку добро да изгледаш?!“, „Годините не ти можат ништо“.

Има куќа покрај море

Инаку, Неда Украден летува во Которскиот залив каде има куќа со огромен двор, а во зима е во Белград каде има луксузен стан.

Оазата на мирот на пејачката е опкружена со зеленило, насекаде има цвеќиња, а во дворот има и свој овоштарник.

„Не можете да верувате какви забави имаме овде. Тогаш не пеам само јас, сите пееме. И тоа до полноќ. Ајде да се собереме овде на тераса и да уживаме. Какви забави се правеле тука“ - изјавила во една прилика Неда.

Фото: Инстаграм
Извор: Blic.rs