Фешта за 50-тиот роденден на Гоца Тржан: Посебни гости биле нејзините родители, кои ретко се појавуваат во јавност

Добивај вести на Viber

Пејачката Гоца Тржан го прослави јубилејниот 50-ти роденден...

Таа славеше на сплав во главниот град на кој ги покани најблиските членови на семејството, но и бројните пријатели и соработници.

Ден по прославата се појавија видеа од прославата која траела до доцна во ноќта.

Гоца на сплавот пристигнала со сопругот Радомир Раша Новаковиќ кој цело време ја држел за рака.

Пејачката за оваа пригода избрала мал, краток, црн фустан, на кој имало сребрени циркони. Со тоа искомбинирала црна чанта, како и чевли во сребрена боја.

Најголемо изненадување биле нејзините родители Антон и Роза Тржан кои не се појавуваат често во јавноста.

Славеничката го грабнала микрофонот и им се обратила на присутните.

- Велат, за сите нас најмногу кажува кој ќе го собереме на прославите. Еве ве гледам сите, направив нешто навистина добро во мојот живот кога ве имам сите овде вечерва. Ви благодарам многу што дојдовте - рече Гоца.

Со микрофонот се снајде и Тржан, па заедно со колешката Зорица Брунцлик го отпеаа познатиот хит „Авлије, авлије“ и приредија вистинско шоу за публиката.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Јутјуб
Извор: Kurir.rs