Филип Морис и општина Центар засадија јапонски цреши на дрворедот на „Максим Горки“
Компанијата „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“ (ФМТКП), во соработка со општина Центар, на улица „Максим Горки“ во Скопје, спроведе садење на дрворед од висококвалитетни повеќегодишни садници од видот јапонски цреши. Акцијата е организирана по повод почетокот на пролетната сезона за разубавување на централното градско подрачје, а новите садници се замена за исушените дрвја на веќе постоечките места.
„Во духот на иновативноста и општествената одговорност на компанијата, вработените во Филип Морис спроведоа акција за украсување на дрворедот на „Максим Горки“, со поставување садници од видот јапонски цреши. Ова е гест за разубавување на улицата, каде од неодамна се лоцирани новите канцеларии на компанијата. Филип Морис постави нови стандарди во земјата, а своите иновативни идеи, компанијата ги имплементира во сите области од општественото живеење“, истакна Иван Костиќ, генерален директор на „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“.
ПР објава