Fit Family дел од Моден Викенд Скопје

Добивај вести на Viber

Тренд во светот, а сега достапен и кај нас - Fit Family модерно студио за слабеење и здрав живот единственово Скопје каде вежбаме под инфра црвени лампи, е дел од дваесетото јубилејно издание на Моден Викенд Скопје. 

Fit Family продолжува со својата мисија да го менува погледот кон фитнес индустријата и да ја акцентира важноста од посветување време за себе, како од физички аспект подеднакво важно и за менталното здравје и благосостојба. Тука се да не насочат и да ги подобрат нашите животни навики како би се чувствувале удобно и самоуверено во сопственото тело.

„Постојат многу добро познати здравствени придобивки од вежбање под инфра црвени лампи, пред се брзо затегнување на телото, побрзо топење на масни наслаги и намалување на целулит, како и детоксикација,забрзан метаболизам и така наречен “ afterburn – effect”. Но, дали знаете дека вежбањето во кабини под инфра цревни лампи дополнително допринесува за подобрување на изгледот на вашата кожа? Апсолутно! Всушност, детоксикацијата, намалувањето на воспалението и подобрувањето на циркулацијата се сите работи што влијаат на здравјето на вашата кожа.“ велат од Fit Family.

Инфрацрвената топлина помага во борбата против појавата на бори и стареење на кожата со природно стимулирање на производство на колаген, оксигенација на ткивото, како и забрзувањето на клеточниот метаболизам и протокот на крв. Сето ова има позитивен ефект врз брчките, нееднаквата пигментација и еластичноста на кожата.

Вежбањето во кабини под инфра црвени лампи не може да го намали бројот на свеќи на вашата роденденска торта, но со сигурност може да го подобри вашето здравје и изгледот на вашата фигура и кожа, како би се чуствувале по енергично и би изгледале помладо.