,

Фолк пејачот Ѓоко Јовиќ ќе стане татко по четврти пат: Ќерката Теодора им подготви изненадување за откривање на полот на бебето

Семејството на познатиот фолк пејач ќе се прошири за уште еден член.

Популарниот пејач сподели дека ќе стане татко по четврти пат.

Ѓоко Јовиќ заедно со сопругата Ивана се горди родители на три деца, Теодора, Михаил и најмалиот Јоан.

За да го дознаат полот на бебето, ќерката Теодора им организираше изненадување, а Ѓоко тоа го сподели на Фејсбук.

Видео од забавата за откривање на полот на бебето:



Желбата на Ѓоко се исполни, како што рече на почетокот од видеото дека сака да биде машко, па, ќе си добијат уште едно момче во семејството.