(ФОТО) Есенски моден тренд: Црно боди под блејзер или кожена јакна

Добивај вести на Viber

Добропознатиот дел од секој женски гардеробер стана омиленото парче за модни комбинации сезонава. Бодито е сензуално парче кое покрај улогата на женска долна облека, е совршен избор за имитација на нетипична блуза под вашата јакна или блејзер.

Црното боди е идеално за секоја комбинација, а најпозитивната страна на овој тренд е што може да се комбинира на три различни начини.

1. Деловен изглед

Комбинација на блејзер и панталони во деловен стил, и црно сензуално боди се одличен погодок за една модерна деловна дама.

2. Опуштен дневен изглед

Блејзер во бела боја и класични фармерки, во комбинација со црно боди- ќе добиете комплименти за вашиот одличен стил.

3. Вечерни излегувања

Целосна црна комбинација во рок стил со кожена јакна и панталони, во која доминира чипканото боди, е одличен избор за да бидете ѕвезда на вечерта.


Во продавниците на „Bonatti Macedonia“, може да најдете голем избор на црно боди по цена од 1499 до 1899 денари и да ги испробате овие одлични есенски комбинации.