(ФОТО) СИТЕ ЗБОРУВААТ ЗА ФУСТАНОТ НА ДАНИ НА „МАКФЕСТ“
Со песната „Време“ , Дани Димитровска ја освои третата награда на фестивалот „Макфест“ од авторите Весна Малинова- Бабамова и Кирил Бабамов. Познатата пејачка ја освои штипската публика и со стилот, двете оригинални креации на Јована Филиповиќ кои ги надополни шминката на Бобан Тодоровски. За фустанот на Дани кој го облече на финалето на „Макфест“ најмногу се зборуваше на социјалните мрежи. Таа постојано добива комплименти за изгледот.
Дани изгледа како тинејџерка откако значително ја намали тежината со режим на исхрана кој се базира на протеини. Рокерката изјави дека не е важно колку килограми ослабела, туку дека новиот начин на исхрана одговара на нејзиниот стил на живот.
„ Бев подучена со поинаков начин на исхрана предводена од нутриционист. Во комбинација со физичка активност за тие три месеци, се навикнав еден фин начин во кој уживам. Во мојов случај, нетипичниов метод овозможи процесот на добивање на посакуваното да биде здрав, избалансиран и комплементарен со начинот и стилот на мојот живот“, ни раскажа Дани.
Првите два месеци, таа внесувала само готова храна и протеински напитоци од истата фирма, а третиот месец, почнала да внесува природни протеини во форма на месо и белки од јајца.
„ Се работи за дехидриран, млечен протеин. Во принцип, целата моја исхрана се состоеше од протеини, пет пати во денот во помали колични на готова храна и напитоци, во првите два месеци. Потоа почнав да јадам месо, белки од јајца, а сега, мојата тежина ја одржувам со истата храна но и со многу, многу зеленчук. Јадам исклучиво зелен зеленчук, а веќе и овошје“, вели Дани и додава дека понекогаш, си дозволува мали, слатки задоволства, но во многу мали количини. (М.Џ.)