(ФОТО) 10 идеи за стилизирање на макси здолниште: Модно парче кое мора да го имате сезонава
Макси здолништата се дефинитивно
нај женското парче во сезоната. Тие станаа тренди пред неколку сезони, а ин се и ова лето.
Секоја жена со стил мора да има
барем едно макси здолниште во нејзиниот гардеробер. Здолништа
од сите бои и дизајни се дозволени, а модните експерти посочуваат дека оние со
цветни мотиви се комплетен хит. Исто така се популарни и плисираните макси здолништа.
Овој модел на здолниште не е
погоден само за попладневна прошетка низ градот, туку многу лесно може да се искомбинира
и како дел од деловниот аутфит, а и како стајлинг за вечерно излегување.
Во зависност од другиот дел од облеката, макси-здолништето може
да се носи во речиси секоја пригода.
Ниту едно друго парче облека толку
вешто не ги покрива колковите и бутовите, а кога ќе го искомбинирате со високи потпетици,
добивате илузија на подолги нозе.