(ФОТО) 10 најдобро облечени на наградите „Еми“: Дамите од „Game of Thrones“ на тронот

Добивај вести на Viber

Црвениот тепих беше претворен во величествена нијанса на виолетова боја за 71-то доделување на наградите „Еми“ во неделата. И познатите личности кои пристигнуваа за шоуто ја прифатија промената на бојата со одлична мода по која се вртеа глави, а се запалија и социјалните медиуми.

Новата боја на тепихот дозволи да се игра со нијанси на розова и црвена боја, што го искористија многу од познатите дами.

Следува листа составена од 10 најдобро облечени ѕвезди на вчерашната вечер:

1. Мeнди Мур, ѕвездата од „This is US“ донесе стар Холивудски гламур со својот фустан во широко отворени рамена.

2. Младата актерка Зендаја воодушеви во зелена тоалета која одлично го истакна нејзиното тело.

3. Пејачката Хелси се појави во балска тоалета со пердуви.

4. Ѕвездата на „Empire“ во одлична креација.

5. Ѕвездата од „Game of Trones“, славната Калиси, воодушеви во фустан од „Валентино“ со длабоко деколте.

6. Актерката Сандра Ох, во тотално шик креација на „Zac Posen“.

7. Gwendoline Christic го имаше можеби и највпечатливиот изглед на вечерта. Издание на Гучи од колекцијата од 2020 година, во Римски стил.

8. Ова беше вечер на ѕвездите од култната серија „Game of Thrones“, и по освоените 12 статуетки и по модните изданија. Кралицата на Северот, Софи Турнер изгледаше елегантно во фустан на Луј Витон.

9. Наоми Ватс донесе готик стил на виолетовиот тепих во тоалета на Диор.

10. Појавувањето на Лаверн Кокс на овогодишните награди „Еми“ го обележа нејзината чанта. Станува збор за чанта во боите на виножитото на која стои натпис „Oct. 8 Title VII Supreme Court“, посветено на трансродовото лице кое е адвокат Chase Strangio.