(ФОТО) 3 европски дестистинации создадени за летен одмор и незаборавни моменти

Можеме да кажеме дека наголемо зачекоривме во сезоната на годишните одмори, па така многумина спасот од високите температири одлучија да го побараат на блиските прекрасни плажи. Но, колку и да го сакте долгото излежување крај море и впивање на сончевите зраци, понекогаш едноставно посакуваме промени. Летото е прекрасна можност да отпатувате на некоја нова дестинација која веќе долго време сакате да ја истражите, па поради тоа во продолжение ви издвоивме 3 европски дестинации кои се створени за креирање на незаборавни спомени!

1. Атина, Грција

Патувањата се тие кои не збогатуваат, па поради тоа не е на одмет на својата листа да имате дестинација која нуди вистинско интелектуално богатство. Токму таква е Атина, дестинација која ќе ви открие се што некогаш ве интересирало за филозофите кои го обележаа светот и ќе ве вратат во минатото пред 6.000 години. Активниот одмор можете да го организирате, така што ќе го посетите Акропол, како и храмовите посветени на боговите, а секако не го изоставувајте и Националниот археолошки музеј или Музејот Бенаки, кој е преполн со интересни содржини кои со сигурност ќе ги раскажувате со денови. Исто така доколку овој одмор не можете да го замислите без освежување во море, не очајувајте, бидејќи Атина од морето е оддалечена само неколку километри, па ќе може да се разладите на прекрасните плажи околу Атина.

2. Токсана, Италија

Доколку одморот на едно место не е нешто што го посакувате ова лето, тогаш road trip - от Токсана е нешто што би требало да го земете предвид. Токсана е како регион сместен во средна Италија, а важи за еден од најубавите делови на Италија. Оваа локација е богата со традиција, култура, вкусна кујна и волшебен пејжаз кој ќе ве следи на секој чекор. Исто така на вашето патување по улиците изградени во римско време, а кои ги поврзуваат најважните подрачја, мора да го пронајдете и еден од најстарите градови во Токсана, Монте Сан Савино. Овде задолжително посетете ја црквата Misericordia која може да се пофали со дрвени оргули кои се стари 500 години, а која ја изградил мајсторот Џовани Пиферо.

3. Барселона, Шпанија

Барселона со сигурност не е потребно многу да ја претставуваме, бидејќи станува збор за најголемата метропола сместена на морскиот брег, односно најголемото медитеранско пристаниште и град познат по својата креативност и шарм. Оваа локација е совршен спој на богатата култура и природни убавини, а на лето е омилена дестинација која привлекува милиони туристи поради многубројните барови на плажа, а плажите важат за едни од најчистите. Но, освен уживањето на плажа додека во рака држите чаша со сангрија, Барселона е исто така прекрасна дестинација за уште поатрактивен одмор. Па така секако е добро да го истражите Музејот Пикасо, кој содржи околу 4000 дела од овој единствен уметник, Готичкиот кварт кој е вистински израз на креативноста, најпознатиот градски пазар - La Boqueria, кој е изграден уште во 1840 година, а истиот ви дава можност да ја истражите и доживеете Барселона како локалец.

Но, без оглед на тоа која локација ќе биде вашиот избор, она што е важно е да излезете од комфортната зона и да се препуштите на адреналинот кој со сигурност ќе го прераскажувате со денови. Кога станува збор за посебните моменти кои кои со радост ќе ги прераскажувате и години подоцна, еден дел од своите авантури можете да ги овековечите со прекрасни фотографии, кои пак ќе го красат вашиот животен простор.

Иако веќе наголемо зачекоривме во летото, се уште не е доцна да искористите прекрасен одмор, но без оглед на тоа дали на вашата листа ќе се најде Атина, патување по прекрасната Токсана или пак магичната Барселона, она што е најважно е тоа што во најголемите авантури треба да се впуштите со драги луѓе со кои овие моменти ќе бидат уште попосебни.


Извор: fashion.hr