(ФОТО) 3 работи што не треба да ги носите по 40-тата: Бидете дама со стил

Добивај вести на Viber

Колку и да се обидуваме да се вратиме во времето и годините, правилно е да сфатиме дека тоа нема да се случи. Борејќи се на овој начин, стануваме повеќе за потсмев. Важно е да прифатиме дека веќе немаме 20 години и постојат и други начини да изгледаме добро, стилски и секси.

Во следните редови ќе ви откриеме кои 3 работи мора да ги заборави секоја припадничка на понежниот пол по 40-тата година.


Очила со шарена рамка

Жената која веќе ја поминала 40-тата година од животот треба пред се да изгледа стилски и елегантно, а шарените рамки или оние со принт не се вклопуваат во овој концепт во никој случај.

Очилата треба да имаат дискретна рамка и да бидат додаток што едноставно го надополнува вашиот стилски изглед, а не да стануваат акцент и извор на кич.


Долги здолништа

Долгите здолништа едноставно нема да одат со 40-годишна жена. Тие се привлечни за младите дами, но за зрела припадничка на понежниот пол тие би додале само неколку години на нејзината возраст, како и неколку килограми.


Облека со светки

Дури и младите девојки мораат многу внимателно да ја изберат ваквата облека. На крајот на краиштата, ако сте украсени како новогодишна елка или претерате со светки, без оглед на возраста, би изгледале поевтино отколку привлечно.


Фото: jenata.blitz.bg

Можеби ќе ве интересира:

(ФОТО) Вака се носат фармерки ако имате над 45 години: Совети од најстилските жени во светот

(ФОТО) Фризури кои ќе ве подмладат после 40-та година: Едноставни и модерни