(ФОТО) 5 совршени места за егзотичен и мрзелив летен одмор

После сите обврски во текот на годината, летниот одмор е вистинското време за бегство од реалноста и тоа на места кои ќе ви овозможат потполно поинаков одмор. Издвојуваме неколку дестинации кои се идеални за егзотичен, мрзелив, летен одмор за паметење.

1. St. Lucia

Отмените одморалишта, единствената култура и природните атракции, го издвојуваат St. Lucia од било кое друго место на светот.

Бујната џунгла покриена со планини кои го заобиколуваат островот, се предизвик за активните патници, но нуди и воодушевувачки поглед додека мрзеливо ги поминувате деновите на плажа. 

За време на викендите автентичната култура на жителите и карипската кујна особено се истакнуваат на еден од двата улични фестивали кои се одржуваат секој петок во ноќните часови.

Во текот на денот посетата на Sulpher Springsu е идеален начин за опуштање. Овде ве чекаат топлите извори и купки од кал.

2. Ambergris Gaye, Belize

Со ведро синото море и небо, ова е совршено место за бегство на плажа за оние кои сакаат да се опуштат. Downtown San Pedro нуди живописни продавници полни со рум и богати чоколадни слаткарници, кои служат како совршен начин за попладневна рекреација.

Превозот се состои од велосипеди и колички за голф, што ќе направи да чувствувате како да сте транспортирани во минатото.

Нуркачките тури се задолжителни, а водата која го одзема здивот и морскиот живот исполнет со возење на брод и уживање на плажа е неодминлив.

3. Kon Samui, Тајланд

Тајландските острови се крајната дестинација за патниците кои се во потрага по вечно сонце и опуштена енергија. Единствената карактеристика на секој остров говори за потребите на различните профили на патници, но за оние кои прв пат доаѓаат на одмор или семејно патување, Kon Samui би требало да биде на врвот на листата, особено доколку барате врвна услуга и префинетост.

Овде ќе се одморите со прекрасните пејзажи, бескрајните туристички атракции, опуштената атмосфера, природните чуда и бујните џунгли во комбинација со кристално чистите плажи и врвните летувалишта.

4. Занзибар, Танзанија

Доколку барате дестинација за плажа со додатна авантура, Занзибар - архипелагот долж брегот на источна Африка, во Индискиот океан е вистинското место за вас. Плажите се едни од најдобрите кои некогаш ќе ги видите, а можноста на овој излет да му се приклучи и активниот излет во Серенгети е бонус.

Неговиот главен и најголем град, Занзибар Сити, се наоѓа на Унгуџи и е дом на Стоун Таун, кој е наследство на УНЕСКО и е историски стар град.

5. Маракеш, Мароко

Архитектура која го одзема здивот, како и еден од најдобрите отворени пазари во светот го ставаат Маракеш на врвот на листата најпожелни дестинации за летен одмор. Импресивно е и реновирањето на градбите.

Покрај пустинските тури и јавањето камила за истражување, бујните ветрови се чести, културните знаменитости, музеите за посетување и денови поминати покрај базен, Мароко е култура богата со авантури за секој патник кој бара многу повеќе од одморалиште на плажа.

Извор: journal.hr