(ФОТО) „Ај Кју“ го продава евровизискиот костум за 5.000 долари

Добивај вести на Viber

Дуото „Ај кју“ го продава костумот на пејачката Марија Наумовска со кој лани настапија на „Евросонг“ во Лисабон со песната „Lost and Found“. Марија и Бојан, костумот го огласија на страницата Еbay и го ценат 5.000 долари.

Ако се нарача од Македонија, се доплаќа плус 127 долари за транспорт. „Ај кју“ лани беа прогласени за најлошо облечени на „Евросонг“. Наградата се нарекува „Барбара Декс аворд“, а се доделува од 1993 година. Гласањето за оваа награда е отворено по финалето на „Евровизија“, а се натпреваруваа 43 учесници. Гледачите онлајн гласаа за тоа според нив кој било најлошо облечен изведувач. 


Дуото не успеа да се квалификува во евровизиското финале, а на табелата во полуфиналето завршија на 18. место.