(ФОТО) Актерката драстично го промени изгледот по тешката дијагноза

Откако минатата година направи поголема пауза во кариерата и отворено проговори дека страда од мултиплекс склероза, актерката Селма Блер (46) редовно ги информира пријателите за својата здравствена состојба.

Последна фотографија со која пријатно ги изненади фановите е онаа на која синот Артур (7) ѝ помага да си ја ишиша косата ептен кратко.

- Прекрасно изгледаш. И самата неодамна ја избричив главата и многу е релаксирачки - е само еден од коментарите со поддршка кои ѝ ги упатуваат обожавателите.

Холивудската ѕвезда лани призна дека ѝ било тешко да ја прифати дијагнозата кога ѝ ја соопштиле.

- Јас сум инвалид. Паѓам. Испуштам работи.Заборавам. А, левата страна од моето тело бара инструкции од расипаниот GPS. Но, успевам. Јас сум насмеана и не знам што ќе правам, но знам дека ќе го дадам најдоброто од себе - напиша Селма минатата година на својот профил на Инстаграм.