(ФОТО) Алал да ти е Владо, тоа ти е работа: Соња Алексоска-Неделковска за пејачите и политиката

Неделава како во медиумите, така и по социјалните мрежи актуелна е се уште темата за саботната прослава „Одиме напред - Македонија во ЕУ и НАТО“,, која беше организирана во 15 градови во земјата.

Иако Владата излезе со официјално соопштение за настанот, сепак реакциите не стивнуваат. По тој повод, решивме да пренесеме Фејсбук статуси на познатата новинарка Соња Алексоска-Неделковска, која прави споредба со ангажирањето на Северина во кампања на Туџман, за учеството на Владо Јаневски, како и за поделеното мислење на јавноста за изведувачите, кои зедоа учество во прославата.