(ФОТО) Ален Исламовиќ: Влатко ја сакаше музиката повеќе од себе

Поранешниот пејач на групата „Бјело Дугме“ објави фотографија и статус за починатиот македонски пејач, актер и водител, Влатко Илиевски. 

Ален Исламовиќ сподели фотографија и со одбрани зборови се прости од Илиевски преку својот Фејсбук профил. 

Тој во објавата напиша: “Почина Влатко Илиевски, музичар, актер, пејач…Македонско момче со добро, златно срце и искрен пријател. Кога во Белград ме праша како да влезе во Комбанк Арената и да го слуша концертот на Дугме му реков да не се грижи, дека јас ќе излезам по него и така и направив. Ја сакаше музиката повеќе од себе, а таа за жал колку што дава, толку и одзема. Музиката е сјај, богатство и рај, но за жал и пекол во кој можеш да потклекнеш. Вечна слава друже”.