(ФОТО) Амал Клуни ја отвори вратата на раскошниот дом: Фотографирана за магазинот „Вог“!
Aмал Клуни, убавата адвокатка за човекови права која го освои срцето на шармантниот заводник Џорџ Клуни со кој ги имаат близнаците Александер и Ела, ја краси насловната страна на новиот број на американското издание на магазинот Вог во фустан со потпис на прославениот Alexandera McQueen.
Секогаш беспрекорно дотерана, лондонската адвокатка со либански корени прв пат ја отвори вратата на својот идиличен дом во Сонинг, во малото место во англиски Беркшир, каде живее со сопругот и децата.
Амал има навистина неверојатен живот: таа е славна хуманитарка, високопозицирана адвокатка, мајка на близнаци, модна икона и сопруга на холивудската легенда Џорџ Клуни.
Домот на брачниот пар Клуни изгледа фантастично, а тие чуваат безброј детали како фотографија од кучето на Џорџ кое веќе не е меѓу живите, нивна фотографија од венчавката или фигура на глава од жирафа, што проценителите на недвижнини при посетата на нивниот дом ниту малку не ги импресионирало.
„Рекоа дека тоа нема никаква вредност“ , се смее Амал.
Парот во својот англиски дом живее од 2014 година а им послужил и како место каде избегале за меден месец и каде ги одгледуваат близнаците.
„Настојуваме да ја подигнеме безбедноста на нашиот дом на сите начини“, открила Амал.
Интересно е дека соседи на семејството Клуни е британската премиерка Тереза Меј и нејзиниот сопруг.
За Вог Амал открила нешто за својата љубов кон модата, за животот пред венчавката со Џорџ и за тоа колку нивните животи се промениле по доаѓањето на близнаците.
Убавата Амал за Вог ја фотографирала прославената Annie Leibovitz, а досега невидените фотографии ја прикажуваат атрактивната сопруга на Џорџ Клуни како одмара кул облечена во кожни панталони и удобен џемпер или додека концентрирано ги проучува своите списи.