(ФОТО) АМАЛ КЛУНИ НОСИ ТОП ОБЛЕКА ЗА ПРОЛЕТ 2018: Покажа што треба да има секоја дама во плакар

Добивај вести на Viber

Сопругата на славниот актер Џорџ Клуни и убава адвокатка Амал Клуни стана вистинска модна икона, а жените се воодушевени од нејзините модни избори за пролет 2018-та.

Во едно интервју мајката на Амал откри дека нејзината ќерка уште во детството била заљубена во модата и дека често како девојче тајно и земала облека од плакарот. Амал очигледно не ја изгубила страста за модата, па не чуди што денес е модна инспирација на многу жени ширум светот.

Секогаш перфектно дотерана и совршено избрани комбинации на облека Амал откри која облека секоја жена треба да ја има во плакар во текот на пролетта. Мантил, сако и панталони се проверена пролетна комбинација, а еве како гардеробата ја комбинира Амал.

Ако сакате да изгледате како вистинска деловна жена, облечете црно одело (струкирано сако и панталони) комбинирани со црни чизми и чанта, а монотонијата разбијте ја со мантил во темнорозова боја. Амал сака да венесува и малку боја во пролетните комбинанции па така тесната сукња до колена со цветен дезен ја комбинирала со црна маичка и црно бели чевли кои се одличен избор.

Адвокатката е вистинска инспирација кога се во прашање комбинациите за секој ден , па неодамна воодушеви кога облече бела широка сукња до колена со копчиња, црна маичка и зелен мантил, но забележана помина и комбинацијата на сив фустан со бел мантил и чевли од змиска кожа.

Оваа убавица ни дава супер идеи како да се облечеме и за вечерни излегувања во текот на пролетта. 

Амал една вечер беше главна мета на папараците кога облече популарни чорапи чизми и жолт капут со едноставен крој, а изгледаше привлечно и кога се појави во тесен фустан со анимал принт врз кој облекла светлоплав капут со крзно.