(ФОТО) Ана Бекута ослабе 12 килограми и изгледа помладо

Пејачката Ана Бекута (59) сношти се појави на финалето на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ во Белград и сите присутни ги воодушеви со својот изглед, пишува „Блиц“. Таа ја смени бојата на косата и ослабе 12 килограми.


„ Веќе четири месеци сум на режим и ослабев 12 килограми. Не поради здравстевни проблеми, туку затоа што така сакав“, изјавила пејачката која на фолк-фест „Валандово“ во осумдесетите години го испеа хитот „Стариот џумбушлија“.

Многумина заблежаа дека пејачката ја сменила и бојата на косата, што исто така било негова голема желба. Многумина коментираа дека Бекута сега изгледа помлада.