(ФОТО) Ана Винтур може да си дозволи сѐ, а носи ист пар чевли цели 25 години
Иако може да си дозволи и по неколку пара чевли дневно, модната икона Ана Винтур веќе 25 години носи еден ист модел.
Во прашање се сандалите со потпис на познатниот Маноло Бланик, креирани во 1994-та година. Ана ги избрала лично, но побарала и одредени промени, па нејзините сандали во боја на кожа станаа уникат.
Гледајќи во кој правец се одвива приказната, Бланик побара отпечаток од стапалото на познатата „ледена кралица“ и направи уште еден модел во друга нијанса на крем боја со малку поинакви ременчиња.
Така славниот креатор и обезбеди на Ана уникатни чевли и за лето и за зима, а познатата модна уредничка е сигурна дека никогаш нема да дојде во ситуација својот пар чевли да го види на друга жена.
Ана Винтур е поборник на мислењето дека добрите работи не треба да се менуваат, бидејќи никогаш не излегуваат од мода, па така е верна и на својата препознатлива фризура која не ја менува веќе неколку децении.