(ФОТО) Андриjана Јаневска непрепознатлива во нова фотосесија

Добивај вести на Viber

Пејачката, виолинистка и професорка на ФМУ, Андријана Јаневска е речиси непрепознатлива на новата фотографија која ја објави на својот Фејсбук профил. 

Андријана, во секси црн коктел- фустан им позираше на фотографите Ани и Дими со својата виолина. Музичарката на сцената секекогаш го негува елегантиот стил, а приватно, таа сака спортска облека. 

Андријана е виолинист во МОБ и доцент професор по солфеж и соло пеење на катедрата за популарни жанрови на Факултетот за музичка уметност. 

Неодамна, за Женски магазин изјави дека семејниот дом во скопско Бардовци не би го менувала за ниту една градска локација.

„ Имаме над 90 садници, плус голем број цвеќиња. Не поминува пролет и есен без да насадиме ново дрвце, или грмушка, цвеќе. На децата им давам некаква лесна „обврска“ околу садењето, на пример да држат некое гранче, или да стават земја. На тој начин се чувствуваат корисни, а истовремено учат да ги сакаат и негуваат растенијата и воопшто животната околина. Уживам во мојата населба. Доволно е блиску до центар, а истовремено доволно далеку за да живееме во природа“, изјави Андријана која е мајка на два сина, Димитар и Кристијан. Нејзина најголема поддршка е сопругот, познатиот музичар Драган Гиновски-Гино.