(ФОТО) Антонија во друштво на Никол Шерцингер: Те сакам кралице!

Младата пејачка Антонија Гиговска пред неколку дена настапи на најпрестижниот фестивал во Романија „Cerbul de aur" и го освои второто место.

На истиот фестивал како почестен гостин беше и ултра популарната пејачка Никол Шерцингер, која се сретна со Антонија и имаше само пофални зборови за неа.

Антонија својата среќа ја искажа на Инстаграм со нивната заедничка фотка.