Бела Хадид и нејзиното поранешно момче The Weeknd (вистинско име Абел Тесфај) поттикаа шпекулации дека повторно се заедно кога се појавија заедно во Кан во четвртокот на 10-ти мај.
21-годишниот модел и пејачот присуствувале на забава за сладоледот Магнум, кој Хадид моментално го промовира со дизајнерот Александар Ванг за време на познатиот филмски фестивал во Кан на југот на Франција. Според еден извор, двојката која беше заедно во 2016-тата година, не пристигнала заедно, туку се поздравила со бакнеж на образ и се чинело дека си шепотат еден до друг цела ноќ.
Ова не е прв пат тие двајца да бидат забележан како си разменуваат нежности, откако The Weeknd се раздели од Селена Гомез, минатиот месец тие, наводно,биле забележани како се бакнуваат во Коачела.