(ФОТО) Без фотошоп и силикони: Неда Украден пред 40 години

Неда Украден своевремено важеше за една од најубавите пејачки во некогашната Југославија.

Во кариерата долга скоро пет децениии, 69-годишната пејачка има одржано многу хуманитарни концерти и има добиено премногу престижни награди.

Таа се присети на своите почетоци со фотографија стара 40 години.

- Јас, 40 години порано, Лондон, улица „Оксфорд“ и токму сега! Без филтери, без фотошоп, без силикони, без лажни трепки, без надградба на коса и вештачки образи! Тоа е што е- напиша пејачката под фотографија од својата младост.