(ФОТО) Блеска и во петтата деценија: Надица Георгиева повторно како модел

Добивај вести на Viber

Многумина сметаат дека токму таа е една од најубавите жени во Македонија, а Надица Георгиева го потврдува тоа и во петтата деценија од својот живот. 

Посветената сопруга и мајка, како и ексманекенка со успешна кариера зад себе, повторно се најде во улога на модел. 

Овојпат застана зад објективот на Јована Зука, во преубава креација на македонскиот дизајнер Марков.

- Ја одржувам линијата многу лесно, јадам сѐ што ќе посакам, но во мали количини,  или почесто 3-4 пати на ден, но помалку. Се хранам така како што јас мислам дека му одговара на моето тело, а не затоа што научниците ќе ми кажат што е здраво, а што не. Не јадам риба, не јадам сладолед и не јадам овошје. Едноставно не ми одговара. Не вежбам, но сум во постојано движење.. Пешачам многу, околу 10 км дневно и тоа ме одржува во одлична форма- раскажа Надица за тоа како со години ја одржува виталната линија, за Женски Магазин. 


Фото: Јована Зука