(ФОТО) Бојата на летото: Парчиња во жолто кои се хит сезонава
Минатото лето бевме вљубени во жолтите фустани, а оваа сезона ваквата весела боја ја гледаме и на остатокот од гардеробата, а ако сте една од оние дами кои сакаат да бидат забележани, тогаш жолтата е совршена за вас.
Зависно од вашиот стил, нема да згрешите ако се облечете од глава до пети во жолто. За вас нудиме неколку предлози, со помош на колекцијата на „Linea“, и веруваме дека ќе бидете воодушевени.
1. Еднобојна блуза во жолта боја
Истовремено роматична, нежна и сестрана, оваа нијанса е совршена и им стои баш на сите, а кројот на блузите е толку едноставен и посебен што ќе може да ги износите на секаква модна комбинација, било да станува збор за здолниште, панталони или фармерки.
2. Фустан во жолта боја и необичен дезенЖолтата боја е секогаш поврзана со топлите светли зраци на сонцето, затоа е и толку популарна во лето. Фустан во ваква боја со необичен цветен дезен е нешто кое мора да го имате во вашиот гардеробер сезонава. Асиметричен или класичен крој, со голи раменици или до лакти, изборот е ваш. Фустанот е совршен за ноќни излегувања, за свечености, но и за супер деловен стил.
3. Маички со жолти мотиви
Обидете се да ја додадете оваа боја во вашата гардероба и да ја комбинирате смело со различна облека за секогаш да изгледате стилски и разнобојно. Маичка на риги со жолт мотив, или пак шарена жолта маичка со цветен дезен, одлично парче за топлите летни денови.
4. Летен фустан во риги со жолти детали
Ова е нашиот фаворит! Ќе се заљубите на прв поглед! Толку тренди, софистицирано и елегантно во исто време.
*Производите може да ги купите и со Вашата картичка „Купувам домашно“.