(ФОТО) Брена и Боба ја продаваат куќата во Мајами

Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ како што е одамна познато, имаат куќа во Мајами. Во оваа резиденција живееја нивните синови Филип и Стефан додека студираа во САД, додека најмалиот син Виктор, заврши училиште во Србија.

Родителите мислеа дека нивните синови ќе останат да живеат во Америка, но откако и двајцата се вратија во Србија, а Филип основа свое семејство, Брена, според извори на српски „Скандал“, почнала интензивно да размислува за продавање на куќата. 

Семејството Живојиновиќ оди во Мајами само во текот на летниот перид, така што не е исплатливо одржувањето на оваа куќа во текот на целата година. Куќата Брена би ја продала најмногу поради високите даноци, но и поради новиот закон во САД, куќите во таа област да бидат целосно реновирани поради честите урагани, вели изворот. 

Наводно, Боба е против продавањето на куќата, затоа што со радост оди таму за да ги посети пријателите. 

Фото: Рас Србија