(ФОТО) Четири фустани и еден комбинезон: Ова го може само Меланија Трамп
Првата дама на САД, Меланија Трамп, од викендов, со својот сопруг Доналд Трамп е во официјална посета на Јапонија.
За љубителите на совршениот стил на убавата Словенка, овојпат Меланија имаше вистинска модна изложба- промени 5 феноменални модни комбинации.
За патот до земјата каде Сонцето заоѓа, Меланија избра лесен и лелеав фустан со „А“ крој, со симпатични летни мотиви и ремен кој ја истакна нејзината тенка половина. Фустанот е со потпис на Келвин Клајн, а високите потпетици се Кристијан Лобутин.
Првата вечер во Јапонија, за посетата на Музејот на дигитални уметности, Меланија облече совршено скорен темнозелен комбинезон со долги ракави, кој го искомбинира со црни лакувани салонки.
По музејот, Меланија и Доналд учествуваа на натпревар во сумо борење, за кој првата дама на САД избра розов фустан со асиметричен крој и шпиц салонки во иста боја.
Следниот ден за свечениот дочек во Јапонија, Меланија го имаше едно од своите најдобри модни изданија. Бел фустан со кратки ракави и должина до под колената, со внимателни извезани цветни детали, искомбиниран со црвени салонки на висока потпетица.
По убавата дружба и состанокот во царската палата, Меланија и Доналд Трамп присуствуваа на свечен банкет. Поради стригата елеганција која ја налага настанот, првата дама на САД се појави во нежен, долг фустан во боја на слонова коска, со нагласен крој кој паѓа се до подот. Свечениот фустан го красеа и светкави детали во облик на листови, поради кои Меланија се одлучи за салонки во металик сива боја.
Од посетата преостанаа уште два дена, во кои очекуваме модната икона Меланија Трамп повторно да воодушеви со нови комбинации. Која од овие погоре вам најмногу би се допаѓа?