(ФОТО) Црна елеганција: Првата дама во едноставна проверена комбинација

Добивај вести на Viber

Вчеравечер, во соработка со Институтот за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ, и првата дама Елизабета Ѓорѓевска, се одржа настанот „Три генерации македонска мода - пренесување на знаење“.

За овој настан пред претседателската вила на Водно, Елизабета избра црн аутфит. Имено станува збор за елеганен црн фустан со необични детали на појасот и ракавите.

Изгледот го надополнија црните хулахопки и салонки, како и нејзината нежна шминка и едноставна фризура.

- Преку промоција на младите дизајнери, да го поддржиме развојот и унапредувањето на македонскиот дизајн, а преку него заштитата на културното наследство и воедно промоција на текстилната индустрија, која има важен удел во развојот на економијата во земјава.

Неопходно е да се стави акцент на еколошкиот момент во дизајнот и грижата за животната средина преку креации од рециклиран материјал - изјави првата дама.