(ФОТО) Црното е вечна класика: Минималистички парчиња кои се моден хит

Добивај вести на Viber

Минимализмот никогаш не излегува од мода, а токму оваа пролет ќе биде на врвот!

Затоа Ви нудиме неколку црни парчиња од пролетната колекција на „Bella“, погодни за секоја пригода. Црното е вечна класика, изгледа истовремено и моќно и бунтовно, а на Вас е да одлучите како ќе изгледа остатокот од Вашиот стајлинг и каков впечаток ќе оставите.

1. Палто со совршен крој

Класика која никогаш не излегува од мода. Елеганција во движење, за која е доволно само малку имагинација на играње со модни додатоци за својот стил да го доведете до совршенство.


2. Кратко здолниште

Модно парче кое мора да се најде во Вашиот гардеробер. Коженото парче на здолништето е особено „ИН“ оваа сезона. Она што е важно е дека ќе Ве направи да се почувствувате како вистинска модна дива.


3. Тесни класични панталони

Едно од парчињата кои се апсолутен „must have“ за секоја девојка и жена, во секоја сезона. Црните тесни класични панталони може да се носат со секаков вид на обувки, и во кежуал и во елегантни модни комбинаии.


4. Миди фустан

Фустан во чиј крој и миди должина ќе се заљубите. Неговиот минимализам, прави да изгледате толку елегантно, а сепак ултра модерно.


5. Кошули

А како може пролетта да помине без стилски комбинации со кошула? Сигурно веќе знаете дека „one line drawing“ принтот е вистински моден хит во моментов. Затоа едноставна црна кошула со ваков дезен е вистински избор за Вас.

Сепак, доколку сакате да разбиете монотонија и малку да одморите од црни комбинации, ја преглагаме истата кошула со „one line drawing“ во бела боја, како и црнобела туника кошула со уникатен крој.


*ПР објава