(Фото) Дамите во Кан покажаа како се носи најголемиот тренд- костум за оваа сезона

Добивај вести на Viber

Најгламурозниот филмски фестивал започна вчера и едвај чекавме да ги видиме нашите омилени ѕвезди во прекрасни модни креации! 

Она што беше тренд на првиот ден е дефинитивно костумот во боја. На првата прес-конференција на Филмскиот фестивал во Кан, дури три познати дами од жирито се појавија во интересни дезени.

Кристен Стјуарт се одлучи за небесно син костум на Шанел кој беше комбиниран со обична бела маичка, модерни бели чевли и генијална фризура во стилот на четириесеттите години од минатиот век.


Кејт Бланшет изгледаше совршено во пастелно розов костум со потпис Стел Мекартни и кожени чевли.


Верна на својот отмен стил, Леа Сејду воодушеви со зелениот костум од Луј Витон и интересен избор на чевли.