(ФОТО) ДЕЛОВНИОТ СТИЛ низ модните лекции на Кејт Мидлтон
Кејт Мидлтон е дама со стил, и тоа веќе и врапчињата на гранка го знаат.
Но, дали знаевте дека од оваа преубава и шик војвотка можете да „украдете“ моден стил и кога е модата за работа во прашање?
Денес ќе ви го претставиме деловниот стил низ МОДНИТЕ ЛЕКЦИИ на Кејт Мидлтон.
1. Шик капути - со оглед на тоа дека пролетта и топлото време се овде и полека капутите ги избегнуваме, важно е во својот гардеробер да имате капут.
Кјет Мидлтон обожава да носи уникатни капути кои ја следат линијата на нејзиното тело, давајќи и женствена силуета , па ви препорачуваме да си купите некој во интересна боја или впечатлив крој.
2. Тегетот секогаш е вистински избор - "navy" нијансата се сложува со сите бои на коса, како и тен.
Тегетот е совршена „базна“ боја која идеално ќе се сложува со вашиот деловен стил, бидејќи можете да ја надоградувате со детали како шешир, накит, чанта или чевли.
Кејт носењето на оваа боја веќе одамна го „докторираше“ а имаме и фотки како доказ.
3. И фармерките може да бидат шик за работа -се е во комбинирањето
Џинсот е базно парче облека (освен доколку не се искинати или со некои драматични детали) кое може лесно да се комбинира за деловна варијанта.
Спојте ги со сако, кошула, кардиган, балетанки или штикли кои се сложуваат со вашиот дрес код.
4. „Печат“ модни парчиња - потребно е во вашата гардероба да имате барем едно впечатливо парче облека кое ќе ги засени сите.
Сепак, бидејќи ваквите модни парчиња се впечатливи повеќе од вообичаениот деловен код на облекување, ви препорачуваме да ги „Чувате“ за важни деловни состаноци кога своите клиенти и деловни соработници треба да ги засените и воодушевите.
Кејт ни покажува како и во ситни детали, кроеви и бои можете својот стил да го збогатите на вистинскиот начин.