(Фото) Детал поради кој венчавката на Принцот Хари и Меган Маркл ќе биде како од бајките

Добивај вести на Viber

По напуштањето на црквата, Принцот и неговата избраничка ќе се возат низ градот во одличен стил.

За нешто повеќе од две недели во Велика Британија ќе се одржи најочекуваната венчавка на годината, принцот Хари и Меган Маркл, кои точно на пладне на 19-ти мај во замокот Виндзор ќе го кажат судбоносното „да“.

Кога црковната церемонија ќе заврши, која треба да трае еден час, брачниот ќе започнат посебно возење со кралска кочија низ центарот на истиот град, каде што илјадници сограѓани ќе се соберат тој ден, објавија од Кенсингтоновата Палата.