(ФОТО) Драстична промена: Кејт Мидлтон како Брижит Макрон

Добивај вести на Viber

Кејт Мидлтон со Принцот Вилијам допатува во официјална посета на Велс, а обожавателите на кралското семејство веднаш забележаа драстична промена во изгледот на Војвотката од Кембриџ.

Иако досега се навикнавме да ја гледаме во елегантни изданија, Мидлтон овојпат се одлучи за тренди стајлинг кој неодоливо потсетува на стилот на Првата дама на Франција, Брижит Макрон.

Додека целиот свет зборува за првото дете на Меган Маркл и на Принцот Хари, модните критичари се фокусираа на ова издание на Кејт кое го нарекоа премногу едноставно, но ефектно. Таа го сврте вниманието со црвеното сако со златни копчиња од брендот Philosophy и со винтиџ-чантата на Aspinal of London.