(ФОТО) Дуда после мозочниот удар излезе како борец: Тони Цетински емотивно за сопругата

Добивај вести на Viber

Музичарот Тони Цетински вели дека неговата сопруга Дубравка Дуда Цетински се чувствува добро по мозочниот удар кој го доживеа во средината на јуни. 

- Најважни ни е нејзиното здравје. Таа моментално заздравува, па уште не смее да излегува на пресилно светло и да биде изложена на бучава. Затоа не е ни овде со мене- раскажа пејачот за хрватско „Story“ пред неговиот концерт по повод отворањетро на ATP турнирот „Plava Laguna Croatia Open Umag“, на кој Дубраква не присуствуваше, иако планираа заедничка турнеја.

- После сето тоа излезе како борец, неповредена- додава пејачот.

Дуда и Тони решија да бидат отворени за хоспитализацијата и да раскажат што точно се случило, за да им го дадат потребниот мир за таа да заздрави.

Дуда во последните шест години тренирача скоро секој ден и водела здрав начин на живот. Според Тони, тоа е заслужно за доброто и брзо заздравување.

- Можда помогна и фактот што ние двајца како пензионери одиме на спиење во девет часот навечер. Не би го нарекол тоа некој строг начин на живот, но едноставно таков ритам ни одговара- раскажа низ смеа Цетински.