Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Џенифер Лопез во капут што ќе ја одбележи сезоната
Џенифер Лопез редовно ги следи трендовите и секогаш одбира комбинации кои перфектно изгледаат на нејзиното тело и на облините по кои е препознатлива. Славната пејачка, актерка и дизајнерка овојпат папараците ја уловија во Бостон, а она што ги фасцинираше модните критичари е изборот на капутот во крем боја кој дефинитивно е едно од парчињата што ќе ја одбележат сезоната. Освен што е многу ефектен и елегантен, овој капут може да се комбинира со речиси сите нијанси.