(ФОТО) Џулија Робертс во најпопуларните фармерки оваа сезона

Добивај вести на Viber

Кога не е на службени патувања, на снимање или на црвен килим, актерката Џулија Робертс најчесто одбира лежерни парчиња облека во кои изгледа феноменално.

Овојпат, папараците ја начекаа оскаровката во Малибу, Калифорнија, во сосема природно издание - без шминка, со виткана коса и во удобни парчиња облека. 

Најголем впечаток оставаат тренди широките светли фармерки какви што се’ почесто гледаме на градските улици, одлично искомбинирани со бели slip on патики и фраерска блуза со натпис.